Болт плукна врз Мбапе: Жените трчаат побрзо од него

Светскиот рекордер во трките на 100 метри, Јусеин Болт, го исплука францускиот фудбалер Килиан Мбапе, за кој не смета дека е еден од најбрзите на фудбалските терени.

ПСЖ синоќа победи на гостувањето кај Реал Сосиедад и со севкупен резултат од 4:1 се пласираа во четвртфиналето, а вниманието од оваа средба го привлече Мбапе со својата брзина. Тој во еден период од натпреварот успеал да истрча 100 метри за само 10,9 секунди, што предизвика восхитување кај многу навивачи.

Но сепак, Јамајканецот тоа не го гледа така. Според наводите на „Athletics Weekly“, Болт со насмевка искоментирал дека Мбапе и не е така брз, односно дека и одредени девојки трчале побрзо од него.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО