Јасикевичиус за рекордот: Тој даде 50 коша, но немаше асистенции!

Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, истакна дека поентерскиот рекорд на неговиот играч Најџел Хејс Дејвис е големо достигнување.

Дејвис постигна 50 поени на мечот против Алба (103:68) и сруши неверојатен рекорд, кој не се поставува така лесно во Евролигата.

– Постигна 50 поени, но немаше дефанзивен скок и асистенции. Искрен да бидам, тешко е, многу тешко да се постигнат 50 поени во Европа, навистина тешко. Тој имаше неверојатна партија, порача Јасикевичиус.

Последните поени Дејвис ги постигна буквално на неколку секунди пред крајот на натпреварот и со тоа успеа да влезе и да се запише во историјата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО