Чурлинов: Не’ очекуваат два одлични натпревара

Фудбалската репрезентација на Македонија се комплетираше во Анталија и ги почна подготовките за претстојните два пријателски меча, со Молдавија и со Црна Гора.

Утрово по првиот тренинг, очекувањата од двомечот ги сподели репрезентативниот напаѓач, Дарко Чурлинов.

– Атмосферата е супер, времето е одлично, засега се’ е во најдобар ред. Против двете, силни репрезентации, не’ очекуваат одлични натпревари. Допрва треба да ги анализираме противниците и со селекторот да се договориме за начинот на кој ќе им пристапиме. Ќе се потрудиме да одиграме на највисоко ниво.

Јас сега се чувствувам добро, по подолгата пауза, полека се вратив во ритам со тренизните и со натпреварите, па можам да кажам дека сум 100 насто во форма, изјави Чурлинов за Спортското радио 90.3 фм.

Македонија в петок против Молдавија (15.30 часот) ќе го одигра првиот од двата планирани меча во Анталија, Турција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО