Во Хонг Конг им враќаат пари на навивачите поради неиграњето на Меси!

Организаторите на пријателскиот натпревар меѓу Интер Мајами и Хонг Конг, што се одигра пред шест недели, почнаа да им враќаат пари на навивачите кои присуствуваа на средбата.

Натпреварот што требаше да биде прослава за навивачите се претвори во вистински кошмар за организаторите откако на натпреварот не настапи големата ѕвезда на светскиот фудбал, Лионел Меси.

Ова многу ги разочара навивачите на кои купија билети само за да го видат Меси. Некои од нив платиле и по 625 долари за да го гледаат својот миленик во живо. Но, поради одредени околностите тоа не се случи.

Затоа организаторите одлучија да ги обештетат оние кои сакаат и да им вратат 50 отсто од уплатените суми за билетот. Секој што сака да добие рефундирање мора да докаже дека билетот го купил преку официјален канал и да поднесе барање до 12 април.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО