Чуквума Акабуезе е нов фудбалер на ГФК Тиквеш

Македонскиот прволигаш Тиквеш активно го гради ростерот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, со јасна цел – подобар пласман и поголеми амбиции.

Клубот од Кавадарци вечерва и официјално го претстави новото засилување – искусниот нигериски офанзивец Бентли Чуквума Акабуезе.

„Со богата кариера зад себе и јасна мотивација пред себе, Акабуезе ќе биде големо засилување и значаен адут за ГФК Тиквеш во претстојната сезона. Добредојде во нашето семејство, Чуквума“, се вели во објавата на клубот.

Акабуезе има интернационално искуство во неколку лиги, а неговото пристигнување претставува сериозна најава дека Тиквеш оваа сезона нема намера да остане во сенка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО