Унгарија поразена од Хрватска пред мечевите со Македонија

Една од селекциите со кои Македонија ќе се соочи во квалификациите за пласман на Светското првенство 2027 во Катар – Унгарија, вечерва беше убедливо поразена од Хрватска во пријателски натпревар со 85-65.

Унгарците добро го отворија мечот и по првата четвртина водеа со 20-28. Сепак, во вториот период Хрватите ја засилија одбраната и му дозволија на противникот само шест поени, што беше доволно за да заминат на полувреме со минимална предност од 35-34.

Во второто полувреме, хрватската селекција доминираше и целосно го презеде контролата врз играта, на крајот запишувајќи сигурна победа со 20 поени разлика – 85-65.

Македонија ги започнува квалификациите оваа сабота со натпревар против Романија во Куманово, а веќе на 9 август ја очекува првото гостување – токму против Унгарија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО