Се огласи Бекали, сопственикот на Стеауа кој велеше дека ќе им дадат 3 гола на Шкендија – неговата изјава ги изненади сите

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија испиша историја откако стана само вториот клуб од независна Македонија кој успеал да обезбеди пласман во европскиот лигашки дел. Тетовци синоќа славеа и на гостувањето во Букурешт против ФЦСБ, овојпат со резултат 1-2, со што ја заверија „европската есен“ и продолжуваат во едно од трите натпреварувања под капата на УЕФА.

По елиминацијата, со своја реакција повторно се јави контроверзниот сопственик на романскиот клуб, Џиџи Бекали, познат по своите експлозивни и емоционални изјави.

„Честитки до ривалот. Нема повеќе да зборувам за фудбалот. Ќе молчам три, четири, пет месеци. Срам ми е од она што се случи. Не ме барајте повеќе. Не сакам да зборувам. Морам веднаш да ја затворам устата“, изјави видно разочараниот Бекали по елиминацијата на неговиот тим.

ФЦСБ важеше за фаворит во овој двомеч, но Шкендија со две сигурни и дисциплинирани партии покажа зрелост и квалитет, оставајќи го романскиот гигант без европска есен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО