Анчелоти: Оваа е најдобрата сезона во мојата кариера

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше по победата на неговиот тим против Алавес од 5:0, во 36.коло на шпанската Ла лига. Реал Мадрид веќе ја прослави титулата, а италијанскиот стручњак истакна дека сезонава била посебна за него.

– Мислам дека ова е најдобрата сезона во мојата кариера. Голем дел од успехот на овој тим се должи на тоа што сите играчи работат напорно на теренот, дури и кога ја немаат топката кај нив. Веќе ги почнавме подготовките за финалето на Лигата на шампиони.

Следната недела ќе се подготвуваме на физички, а последната недела на тактички план. Но, сега мора малку да се одмориме. Го заслужуваме тоа, изјави Анчелоти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО