Борис Бекер: Очигледно е кој е ГОАТ во тенисот

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер повторно јасно го изрази своето мислење во вечното прашање кој е најголемиот тенисер на сите времиња (GOAT). Според него, одговорот е повеќе од очигледен — Новак Ѓоковиќ.

– Очигледно е кој е најдобриот во историјата. Новак Ѓоковиќ е GOAT, без никакво сомневање. Тој ги има сите рекорди, ја има конзистентноста и посветеноста што никој друг ја нема. Заслужува целосна почит, изјави Бекер.

Германецот, кој во минатото беше и тренер на Ѓоковиќ, додаде дека српскиот ас ќе стане уште поголема легенда доколку продолжи да игра на исто ниво.

-Доколку остане активен уште една или две години, нема да има дилеми – ќе биде најпопуларниот и најуспешниот тенисер во историјата, нагласи Бекер.

Со оваа изјава, поранешниот шампион од Вимблдон повторно го стави Ѓоковиќ на врвот во тениската трка со Роџер Федерер и Рафаел Надал, која трае повеќе од една деценија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО