Чави смета: На мојот заменик воопшто нема да му биде лесно во Барселона

Барселона и Чави Ернандез и официјално се разделија, а последниот меч во Примера го завршија триумфално, на гостувањето кај Севилја.

Веројатно отвореноста, или транспарентноста на Чави околу финансиската ситуација длабоко во клубот, не му заврши работа, па заработи отказ во Барселона откако почна да зборува нешто што веројатно не требаше.

Веднаш по потврдата дека Ернандез заминува, беше потврдено дека негов наследник ќе биде Германецот Ханси Флик, на кого Чави му посака многу среќа и нерви.

– Веќе реков што имам да кажам за мојот наследник. Овде ситуацијата е тешка, исклучително тешка во финансиска смисла. Нема да му биде лесно на новиот тренер, мислам дека ќе има моменти во кои тој силно ќе страда, ќе има проблеми. Посакувам тој да има добро трпение, енергија, за да се носи со предизвиците во Барселона.

– Сезонава не одеше според планираното и поради тоа сум разочаран. Додека минатата сезона освоивме две титули и сезоната беше поинаква. Верувам дека на мојата замена ќе му биде исклучително тешко, бидејки секој негов потег ќе биде надѕиран од клубот, порача Чави Ернандез.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО