Обложувањето и корупцијата се повеќе се застапени во спортот, па многу спортски организации за жал имаат многу работа во последно време и се спроведуваат бројни истраги.
Па една такви ни доаѓа од Балканот, поточно од соседна Бугарија за една од најголемите казни во историјата на модерниот спорт.
Бугарскиот тениски судија Стефан Миланов доби забрана за вршење спортска дејност до декември 2039 година, односно казна од 16 години, која стапи на сила од декември 2023 година.
Бугаринот прво доби опомена во 2021 година, а потоа шестмесечна суспензија во 2022 година поради обложување на натпревари на кои судеше.
Таа казна не го одврати, па повторно го направи прекршокот и сега немаше милост од Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ITIA). Покрај забраната од 16 години, тој доби и голема парична казна.
-Со оглед на тоа што не одговори на наводите на ITIA, во врска со петте сомнителни натпревари кои ги судеше во 2021 година, Миланов практично ја призна одговорноста за сите обвиненија и се согласи на санкциите, се вели во соопштението на ITIA.