Брест мечевите во Лигата на шампиони не смее да ги игра на својот стадион?

Нaјголемото и најпријатно изненадување сезонава во француската фудбалска Лига 1, Брест, кој како третопласиран се избори за настап во Лигата на шампиони (ЛШ), европските натпревари најверојатно ќе ги игра на стадионот „Стад де Рудуру“ во Генгам, најави градоначалникот на Брест, Франсоа Кијандр.

Стадионот „Рожон парк“ во Рен исто така беше „во игра“, но Kијандр истакна дека Рудуру е „најсличен на стадионот на Брест“.

– Жал ми е што не е во Ле-Бле, но исто така ја зајакнува нашата идеја за изградба на нов стадион, вели тој.

Стад „Франсeс-Ле-Бле“, каде што Брест игра во Лига 1, не ги исполнува стандардите што ги бара УЕФА за домашните натпревари во ЛШ, затоа што три од четирите трибини се со цевчести структури, што е забрането со континенталните прописи.

По техничкиот преглед на крајот од април, УЕФА го извести Брест дека, во отсуство на потемелна реконструкција, на Ле-Бле, во евромечевите ќе им биде дозволено да играат само пред 5.000 луѓе. Брест има рок до 22 мај да ја извести УЕФА каде ќе ги игра првите европски натпревари во својата историја.

Брест пред неколку години почна проект за изградба на нов стадион со 15.000 седишта. Изградбата е планирана за 2025/26-та година, а стадион от би требало да биде завршен до 2027-та.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО