(ВИДЕО) Пеколни температури во Мајами, тенисерите паѓаат во несвест

Два дена по шокантниот колапс на францускиот тенисер Артур Казо во квалификациите на Мастерсот во Мајами, поради високите температури, слични сцени имаше и на натпреварот од првото коло меѓу Матео Беретини и Енди Мареј.

Италијанецот го доби првиот сет, но потоа дојде до пресврт. Не можеше ништо да направи против Шкотланѓанецот, но ниту против климата на Флорида.

Беретини за малку ќе колабираше за време на натпреварот. Се затетерави и изгуби рамнотежа, но сепак успеа некако да остане на нозе. Набргу побара пауза, потоа и го загуби мечот со 4:6, 6:3 и 6:4.

Мареј (36) е третиот активен играч со 30 победи на Мајами опен, по Новак Ѓоковиќ (44) и Рафаел Надал (40).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО