Бразилец ќе суди на отворањето на СП

Бразилецот Вилтон Сампајо е назначен од ФИФА да го суди првиот натпревар од Светското првенство, кој ќе се игра во четврток, во кој ќе се сретнат Мексико и Јужна Африка. Колумбиецот Николас Гало ќе биде ВАР судија.

Вилтон има 44 години, тој е на листата на ФИФА од 2013 година. Тој беше ВАР судија на Светското првенство во 2018 година, а судеше и на Арапскиот куп во 2021 година и на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Интересно е што неговиот помлад брат Савио Переира Сампајо е исто така ФИФА судија од 2022 година.

ФИФА, исто така, назначи судии за следните три натпревари.

Натпреварот помеѓу Јужна Кореја и Чешка ќе го суди Египќанецот Амин Мохамед, а неговиот сонародник Махмуд Ашур ќе биде ВАР судија. Натпреварот помеѓу Канада и Босна и Херцеговина ќе го суди Аргентинецот Факундо Тељо, а неговиот сонародник Ернан Мастранџело ќе биде во ВАР собата. Натпреварот САД-Парагвај ќе го води Холанѓанецот Дани Макели, а Шпанецот Карлос дел Серо Гранде ќе биде главен во Вар собата.

Кога станува збор за судиите, вчера, големо внимание привлече веста дека на судијата од Сомалија, Омар Артан, му е забранет влез во САД, па веројатно нема ни да се појави на Светското првенство. Патем, тој е официјално најдобриот судија во Африка за 2025 година.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО