Борусија Дортмунд со најголема посетеност на домашните натпревари

Стана познато кои се петте клубови чии стадиони беа најдобро посетени во веќе изминатата сезона 2023/24, според рангирањето на „Трансфермаркт“. Интересен е податокот дека од сите пет екипи кои се пласираа на ова рангирање, само Интер кој го зазема последното место е шампион на својата земја.

„Нероаѕурите“ го заземаат петтото место со просечна посетеност од 72.838 илјади на нивниот стадион „Џузепе Меаца“. Четвртото место го зазеде Манчестер Јунајтед, кој имаше просечна посетеност од 73.534 на „Олд Трафорд“, иако „црвените ѓаволи“ завршија само на осмото место во Премиер лигата. Третото место е за Баерн (Минхен) со просек од 75.000 на „Алијанц арена“, иако Баварците ја прекинаа рекордната серија на Германија од 11 последователни титули. Второто место го зазема единствениот претставник надвор од Европа – Ривер Плата, кој на своите натпревари успеа да привлече просечна посетеност од 75.171 илјади луѓе, иако не успеаја да стигнат до титулата во Аргентина.

Ова рангирање го предводи уште еден претставник од Бундеслигата – Борусија Дортмунд, кои се единствениот тим кој успеал да генерира просечна посетеност од над 80.000 гледачи за своите натпревари со 81.305 посетители на „Сигнал Идуна Парк“. Црно-жолтите ќе имаат шанса да ги израдуваат своите многубројни фанови во сабота кога ќе се соочат со Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите. Сосема очекувано надвор од Топ 5 посетени екипи остана минатогодишниот шампион Барселона, што се должи на реновирањето на „Камп Ноу“ и привременото преселување на Каталонците во „Монжуик“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО