Расел Вестбрук има нов клуб! Легендарниот плејмејкер и поранешен МВП на НБА лигата официјално потпиша договор со Сакраменто Кингс и ќе ја започне својата 18. сезона во најсилната лига на светот.
Според американските медиуми, Вестбрук потпишал едногодишен договор вреден околу 3,6 милиони долари, што е минималната плата за ветерани.
По минатата сезона во дресот на Денвер Нагетс, каде што бележеше 13,3 поени, 6,1 асистенции и 4,9 скока по натпревар, 35-годишниот бек ќе се обиде да внесе искуство и енергија во младиот тим на Кингс.
Во Сакраменто ќе има улога на лидер од клупата и ментор за младите играчи, со надеж дека ќе помогне клубот повторно да избори пласман во плејофот на Западот.
Со потегот на Вестбрук, Кингс добиваат играч со неверојатно искуство – 9 пати Ал-Стар, МВП во 2017 година, и човек кој остави трага во Оклахома, Хјустон, Вашингтон, ЛА Лејкерс и Денвер.
Навивачите на Кингс веќе гордо коментираат: „Вестбрук во пурпурно – ова ќе биде шоу!
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: