Јуве на Алегри ќе му плати седум милиони евра; ако го отпушти

„Ла Газета дело Спорт“ пишува дека Масимилијани Алегри има две опции пред завршувањето на сезоната, кога ќе се одржи состанок со спортскиот директор Кристијано Џунтоли за да се разјасни неговата иднина.

Првата е дека тој ќе остане во клубот и ќе ја одработи последната година од договорот, што не е многу утешно за навивачите, а втората е „Старата дама“ да ангажира нов тренер во името на Тиаго Мота.

Но тогаш ќе мора да продолжи да му плаќа на Алегри висока нето плата од седум милиони евра. Алегри, наводно, веќе јасно ставил до знаење дека нема да поднесе оставка на крајот од сезоната.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО