Манчестер јунајтед подготвен да плати 40 милиони евра за Циркзи

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед е подготвен да го плати обесштетувањето од 40 милиони евра за да го донесе во своите редови напаѓачот на Болоња, Џошуа Циркзи.

Според изданието Goal, агентот на 23-годишниот фудбалер е во директни преговори со „црвените ѓаволи“ за комплетирање на трансферот.
За холандскиот напаѓач е заинтересиран и Милан, но цената за трансферот е превисока за нив.

Во сезоната 2023/24, Циркзи одигра 37 натпревари за Болоња во сите конкуренции, постигнувајќи 12 голови и седум асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО