Белингем избран за играч на годината во Ла лига

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и на Англија, Џуд Белингем, избран е за играч на сезоната во шпанската Ла лига.

Белингем (20) постигна 19 гола и му помогна на Реал да ја освои титулата со 10 поени разлика пред Барселона. Тој исто постигна и четири гола во Лигата на шампиони (ЛШ), и стигна до финалето, каде што ќе се сретне со Борусија Дортмунд, во сабота (21 часот) на Вембли.

Белингем во првата сезона во Шпанија, го доби признанието во гласањето на навивачите, капитените на клубовите и на експертите, во конкуреција на соиграчот од Реал, Винисиус Жуниор, Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Артем Довбик (Џирона) и Роберт Левандовски (Барселона).

Тој, исто така, го доби признанието за играч на сезоната во Бундеслигата во 2022/23-та играјќи за Борусија Дортмунд, пред да се пресели лани во Реал за 103 милиони евра.

– Би сакал наградата да им ја посветам на моите соиграчи, стручниот штаб и што е најважно, на навивачите на најдобриот клуб во светот, порача Белингам, кој не присуствуваше на церемонијата во вторникот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО