Покрената истрага за скандалозната, „невозможна“ местенка во Црна Гора

Фудбалскиот сојуз на Црна Гора(ФСЦГ) покрена дисциплинска постапка за случувањата на бараж мечот за пласман во Втората лига, Будва – Зета, што заврши 3:3 во регуларните 90+30 минути, и оо победа домашните на пенали, 7:5.

ФСЦГ на официјалната страница најпрвин објави дека Будва и Зета се пласирале во Втората лига, но потоа и дека почнала истрага за срамните случувања.

– Комисијата ќе ги преземе сите мерки, дејствија и активности дефинирани со актуелната правна рамка на Сојузот, за кои е надлежна Комисијата за натпреварување. Одлуката на Комисијата ќе биде навреме објавена, стои во соопштението на Натпреварувачката комисија при ФСЦГ.

Црногорскиот фудбал е синоним за скандали и за местенки. Но тоа што го направија фудбалерите на Будва и на Зета беше премногу дури и за скандалозниот углед на таа земја.

Во плеј-офот за место во Втората лига играа Ибар, Будва и Зета. Ибар пред последното коло, теоретски веќе беше промовиран, односно постоеше наизглед невозможна комбинација тоа да не се случи, доколку Будва и Зета ремизираат со четири или повеќе голови, и Будва да победи на пенали!

И, се случи токму тоа. Натпреварот заврши 3:3, Будва победи со 4:2 на пенали со што и двата противници од овој меч се пласираа во Втората, а Ибар остана во Третата лига.

Развојот на настаните на теренот во Будва беше повеќе од комичен. Гостите, Зета до 32. минута водеа со 3:0, но потоа за само 20 минути Будва израмни на 3:3! Потоа од 54-та до крајот ништо не се случи. Уследија пеналите и победа на Будва.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО