Белгија без Куртоа на ЕП 2024

Белгискиот голман Тибо Куртоа ќе го пропушти претстојното Европско првенство во фудбал (ЕП) во Германија поради повреда на лигаментите на коленото.

Куртоа ја пропушти целата сезона и му требаше уште една операција во март, кога се појавија проблеми во неговото закрепнување.

Тој би можел да се врати на терените во тимот на Реал Мадрид пред крајот на сезоната, но селекторот на Белгија, Доменико Тедеско го отпиша од тимот, објави Би-би-си.

Куртоа, кој досега одигра 102 натпревари за Белгија, во декември изјави дека нема целосно да се опорави за да игра во Германија.

– На оваа тема се’ е кажано. Се концентрираме на играчи кои се во добра форма, изјави Тедеско за германските медиуми.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека се надева дека Куртоа ќе се врати на теренот за саботниот натпревар од Ла Лига против Кадиз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО