Баерн Минхен е во завршни преговори со Рангник

Ралф Рангник е се поблиску до тренерското место во Баерн. 65-годишниот специјалист по завршувањето на сезоната ќе го замени Томас Тухел на клупата на Баерн Минхен.

Баварците и актуелниот селектор на Австрија ги договараат последните детали од договорот, пишува Фабрицио Романо.

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер за „Скај Спорт Германија“ призна дека преговорите со Рангник продолжуваат и „одат добро“. Специјалистот постигна договор за летните трансфери, а разговорите на оваа тема се одвиваат без проблеми. Од друга страна, австриската федерација нема да му пречи на селекторот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО