Германскиот тенисер, Борис Бекер, поранешен светски рекет број еден и освојувач на шест Грен слем турнири, ги изрази емоциите по елиминацијата на „панцирите“ од Европското првенство.
– Честитки за Шпанија што ја победи Германија во битката кај Штутгарт! Ја сакам големата страст, решителноста и чистата драма на крајот од натпреварот! – напиша Бекер на социјалните мрежи.
Германците вчера во продолженијата загубија од Шпанија со 2:1 и се простија од Континеталниот собир на кои се домаќини.