Баварците имаат нов директор

Баерн Минхен го назначи 50-годишниот Макс Еберл на функцијата спортски директор до 2027 година.

„Го поминав целото мое детство и младост во Баерн и во Минхен, за мене е посебно да се вратам во нова улога во клубот во кој започна се“ – изјави Еберл за сајтот на Баварците.

Местото спортски директор беше испразнето од мај 2023 година кога замина Хасан Салихамиџиќ. Еберл беше спортски директор на РБ Лајпциг од јануари до септември 2023 година а работеше и во Борусија Менхенгладбах.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО