Баварците го обновија интересирањето за Фримпонг

За десниот бек на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг (23) и натаму постои големо интересирање од Баерн Минхен, објави новинарот Флоријан Плетенберг на социјалната мрежа Х.

Според него, заинтересираните клубови за трансфер на Фримпонг ќе мора да ја испочитуваат откупната клаузула која изнесува 40 до 45 милиони евра.

Се нагласува и дека фудбалерот се’ уште нема донесено одлука за својата иднина. Да потсетиме, сезонава Фримпонг настапи на 30 натпревари во сите конкуренции на кои постигна 10 голови и 10 пати асистираше.

Договорот на Фримпонг со „фармацевтите“ трае до летото 2028 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, неговата пазарна вредност е 50 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО