Барселона се дави во долгови

И покрај големите планови за финансиско закрепнување, Барселона повторно е во сериозна криза. Наместо стабилност, Каталонците се соочуваат со планина од долгови кои не можат лесно да ги покријат.

Пропаднати милионски планови

Клубот најавуваше огромни приходи од спонзорски договори, особено оној со Nike, вреден над 1,7 милијарди евра за 14 години. Но, наместо очекуван раст – стигна нов удар. Пари нема, а финансиската состојба е далеку од стабилна.

Проблеми со фер-плејот

Барса се мачи и со финансискиот фер-плеј – клубот тешко ги регистрира новите засилувања и мора да прави компромиси со буџетот за плати.

 Приходи, но и долгови

Иако приходите за оваа сезона се проценуваат на речиси 950 милиони евра, долгот и натаму надминува 1 милијарда. Трошоците за играчи и обврските кон инвеститорите постојано растат.

 Притисок врз Лапорта

Претседателот Жоан Лапорта вети финансиско „препородување“, но реалноста е поинаква – кризата во Барселона продолжува, а решението се уште не е на повидок.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО