Баерн Минхен синоќа претрпе пораз на гости кај Лацио во Рим со 0:1 во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).
Овој пораз беше прв за Баерн Минхен во 1/8-финале на ЛШ од сезоната 2018/2019, кога минхенскиот тим загуби од Ливерпул во реваншот дома со 1:3 и беше елиминиран од турнирот.
Потоа, германскиот клуб ја минуваша 1/8 финалната фаза без пораз, со две победи над Челси во сезоната 2019/2020 (3:0,4:1), две победи над Лацио во сезоната 2020/2021 (4:1,2:1), реми и победа над Салцбург во сезоната 2021/2022 (1:1,7:1) и две победи над ПСЖ во сезоната 2022/2023 (1:0,2:0).
На фудбалерите на Баерн Минхен им преостанува во реваншот што ќе го играат на домашен терен да победат со два гола разлика за да се пласираат во четвртфиналето од ЛШ.