Баерн се врти кон Англија: Контактирани двајца тренери?

Баерн Минхен влегува во процес на избор на нов тренер, откако деновиве и дефинитивно ќе се разделат со Томас Тухел.

Тухел наводно не ја прифатил понудата на Баерн да остане тренер и следната сезона, бидејки смета дека Баерн ја прокоцкале шансата кога да му понудат нов договор.

Исто така, голем број на тренери изминатиот период се поврзуваа со трансфер во Баерн Минхен, а сега медиумите ставаат на пиедестал посебно две имиња.

Менаџерите на Брентфорд, Томас Франк и менаџерот на Барнли, Винсент Компани, наводно имале одредени контакти и понуди од баварскиот клуб за работата.

50 годишниот Франк на клупата на Брентфорд го води клубот од 2018 година, додека Компани претходните две сезони беше предводник на Барнли.

Со оглед на тоа дека фокусот на Баерн претходно беше на германски тренер, овие имиња би биле големи изненадувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО