Баерн го комплетираше првиот трансфер во ерата на Компани

Баерн Минхен летово го прави тоа што го прави по секоја сезона во која ќе киксне во Бундеслигата. Им ги купува најдобрите играчи на клубовите кои биле подобри во првенството!

Откако практично се договори со Џонатан Тах, стоперот и заменик капитен на шампионот Баер Лерверкузен, сега го комплетира трансферот на Хироки Ито (25), стоперот и лев бек на вицешампионот Штутгарт.

Очигледно е дека новиот тренер на Баварците, Венсан Компани нема доверба во досегашните дефанзивци, па го стави на продажба Матијс де Лихт, а ни Дајот Упамекано не е по негов вкус.

– Ито во Баерн, одиме! напиша Фабрицио Романо, најинформираниот за трансфер зделките, што значи дека работата е завршена и дека единствено што недостига се лекарскот преглед и потписот на договорот.

– Баерн се договори со Ито, исто како и со Штутгарт. Клубот мора да го пушти бидејќи Баерн понуди 30 милиони евра колку што е откупната клаузула за Ито, ги открива деталите Романо.

Штутгарт останува без клучен играч во тимот кој лани едвај се спаси од испаѓање, а годинава се пласира во Лигата на шампиони (ЛШ).

Но на Ито ќе заработи одлично, поради фактот дека го донесе од Џубило Ивата за само половина милион евра. Три години подоцна, на него ќе заработи 60 пати повеќе пари. Ито одигра 97 натпревари за вицешампионот на Германија, постигна два гола и пет пати асистираше.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО