(ВИДЕО) Инцидент на тренингот на Србија во Германија. Навивачи влегоа на теренот

На тренингот на Србија во Аугсбург се случи инцидент. Најпрвин, тренингот беше прекинат откако српски навивач втрча на теренот сакајќи да се слика со Душан Влаховиќ. Малку подоцна, слична ситуација, кога уште двајца навивачи упаднаа на теренот.

Едниот Влаховиќ го изнесе од теренот, а другиот полицијата го приведе. Тоа не им се допадна на некои српски навивачи, па почнаа да фрлаат факели кон полицијата.

Србија го отвора ЕП со мечот против Англија, а во таа група се Словенија и Данска. Натпреварот Србија – Англија во Гелзенкирхен (недела, 21 часот) е прогласен за натпревар од висок ризик.

Затоа на денот на натпреварот градот ќе го обезбедуваа повеќе од 1.000 полицајци. Исто така, на стадионот нема да може да се купува пиво со висока концентрација на алкохол за да се избегнат потенцијални инциденти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО