Директорот на Ф1 со совет за Мерцедес: Алонсо е најдобра замена за Хамилтон!

Техничкиот директор на Формула 1 (Ф1), Пет Сајмондс изјави дека би го поканил возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, да го замени Луис Хамилтон кој од Мерцедес се пресели во Ферари. Сajмондс и Алонсо работеа заедно во Рено кога Шпанецот освои две титули.

– Дали би потпишал со него на година или две? Да. Навистина мислам дека е неверојатно брз. Ако размислувате како да го добиете најдобриот резултат во 2025 година, кој ќе помогне во развојот на целосно нов болид во 2026 година под сосема различни прописи, тогаш Фернандо е вашиот избор.

Да сум на местото на Тото Волф, би го направил тој чекор, но во исто време би помислил: „Добро, кој е следниот чекор?, вели Сajмондс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО