Атомското дерби на „Енфилд“ заврши без победник

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа нерешено 1:1 на големото дерби на 28. коло во Премиер лигата. Голот за „граѓаните“ беше дело на Џон Стоунс, а Алексис МекАлистер израмни во вториот дел од пенал. Двата тима имаа добри шанси и за победа, а мечот помина во високо темпо и одличен напаѓачки фудбал.

Во вториот дел Доку ја погоди стативата за гостите, а домаќините имаа сериозни три-четири шанси од кои најголем дел не успеа да ги реализира Луис Диаз.

По ова реми, Ливерпул е на 2. место со 64 бодови, а Манчестер Сити останува на 3. позиција со 63 бодови. Арсенал кој вчера со големи маки го совлада Брентфорд со 2:1 сега ја презема челната позиција на табелата со идентично бодовно салдо како и „црвените“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО