Атлетико Мадрид е блиску до комплетирање на зделката за трансфер на напаѓачот на Манчестер сити и на Аргентина, Хулијан Алварез, објави новинарот Дејвид Орнштајн на социјалната мрежа Х.
Според него, договорот се’ уште не е постигнат, но клубовите веќе се во процес на разговор за цената и за условите за плаќање.
Се очекува Атлетико Мадрид да плати најмалку 70 милиони евра за трансферот на 24-годишниот напаѓач кој лани настапи на 54 натпревари во сите конкуренции, на кои постигна 19 голови и имаше 13 асистенции.
Договорот на Акварез со Сити е до летото 2028 година. Неговата пазарната вредност во моментов се проценува на 90 милиони евра.