Атлетико Мадрид конечно го ангажира англискиот играч за врска, Конор Галагер од Челси, со петгодишен договор, објавија во средата клубовите од Ла лига и од Премиер лигата.
Галагер потпиша договор до 2029 година со Атлетико кој плати 42 милиони евра за 24-годишниот фудбалер, според извештаите во медиумите.
Раниот дел од сениорската кариера Галагер го мина на позајмица, вклучително и во премиерлигашките клубови ВБА и во Кристал палас, а за Челси дебитираше во 2022 година.
Минатата сезона Галагер почна 37 натпревари во Премиер лигата, односно пропушти само еден поради суспензија, а поголемиот дел од кампањата го мина како капитен поради повредите на Рис Џејмс и на Бен Чилвел.
Галагер дебитираше за Англија во 2021 година, одигра 18 натпревари,од кои пет беа на ЕП 2024, каде што Англија стигна до финалето, и загуби од Шпанија со 1:2..