Астон вила драстично ги поскапи билетите за мечевите во ЛШ

Навивачите на Астон  вила го нарекоа клубот „без чувства “ затоа што одлучи билетите за домашните натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ) сезонава да чинат до 97 фунти (115 евра).

Вила објави дека билетите за четирите домашни натпревари во новиот формат на ЛШ ќе чинат 85, 94 и 97 фунти. Тие што имаат сезонски билети ќе добијат попусти.

Премиерлигашот дома на „Вила парк’ ќе ги пречека Баерн Минхен, Болоња, Јувентус и Селтик во враќањето во најквалитетното европско клупско натпреварување, за прв пат по 41 година.

Билетите за мечевите на Вила за сезоната 2024/25 во Премиер лигата од А категорија чинат од 55 до 92 фунти.

Арсенал, Ливерпул и Манчестер сити се преостанатите три Премиерлигаши кои ќе се натпреваруваат во ЛШ годинава.

Цените на билетите за домашните мечеви  на Ливерпул се движат од 30 до 61 фунти, на Манчестер сити од 37,50 до 62,50 фунти, а  на Арсенал од 74,30 до 106,80 фунти. Но „топчиите“ тие билетите за дома во ЛШ ги вклуќуваат во цената на сезонските.

УЕФА ја ограничи цената на билетите  за гостински навива;и во ЛШ на 60 евра (50,55 фунти).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО