Артета го фали тимскиот дух во Арсенал

Арсенал ќе биде речиси во полн состав и како лидер во Премиер лигата ќе му гостуваат на Тотенхем на дербито во северен Лондон во недела, а дефанзивецот Јуриен Тимбер е блиску до враќање, изјави менаџерот Микел Артета.

Холанѓанецот, кој заработи повреда во август, во понеделникот играше за тимот на Арсенал до 21 година.

„Ќе мораме да ја донесеме таа одлука за Тимбер утре после тренинг. Не знам дали тоа ќе му се случи наскоро, но тој е многу блиску до враќање“, започна Артета.

Артета рече дека имањето толку многу играчи за селекција е „добра главоболка“. „Ги чувствувате играчите затоа што можам да видам колку тие го сакаат тоа и колку сите сакаат да започнат и да придонесуваат за тимот. Тие се целосно подготвени да излезат на теренот… духот е толку добар“, додаде менаџерот.

Арсенал со 77 бода од 34 натпревари има само еден бод повеќе од бранителот на титулата Манчестер Сити, кој има натпревар помалку.

 

„Има едно нешто што мора да направите во оваа ситуација. Натпреварувај се и победи. Тоа е навистина добар знак затоа што знаеме што ќе треба да направиме за да го добиеме секој натпревар и мораме да ја креваме границата секој ден на тренинзите за да го постигнеме тоа“, додаде Артета.

Шпанецот додаде дека перформансите на Тотенхем под водство на менаџерот Постекоглу биле импресивни, но Арсенал ќе биде подготвен за предизвикот.

„Имавме малку време да се опоравиме… и сигурен сум дека нивниот тим ќе биде целосно подготвен да се соочи со нас во недела“, заклучи Артета.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО