Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао би можел кариерата да ја продолжи во Англија. Според објавата на новинарот, Франсоа Плато на социјалните мрежи, Арсенал е заинтересиран за купување на Леао.
Тој истакнува дека менаџерот Микел Артета е заинтересиран за евентуален трансфер на португалскиот репрезентативец кој сезонава на 38 натпревари во сите натпреварувања постигна 12 гола и имаше 12 асистенции. Пазарната вредност на Португалецот е 90 милиони евра.
Останува да се види дали Милан ќе му дозволи Леао да си замине од „Сан Сиро“. Милан е на второто место во Серија А и веќе прави планови за настап во Лигата на шампиони (ЛШ) следната сезона.