Познато колку изнесува обештетувањето на Халанд

Шпанскиот портал „Релево“ објави детали од договорот меѓу норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд и Манчестер сити. Според изворот, договорот на 23-годишниот фудбалер со англискиот тим содржи ослободителна клаузула која изнесува 175 милиони евра.

Халанд е во Сити од 2022-та и има договор до 2027 година. Сезонава тој настапи на 37 натпревари во сите натпреварувања, постигна 30 голови и имаше шест асистенции. Во моментов Сити е на третото место на табелата во Премиер лигата со 70 бода, од 31 натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО