Тимот на новиот менаџер на Ливерпул, Арне Слот почнува да се формира. Денеска стана јасно дека Холанѓанецот со себе на „Енфилд“ го носи и Рубен Питерс, кој работеше со него во последните три години во Феенорд.
Во Ливерпул, 32-годишниот Питерс ќе биде одговорен за физичката подготвеност на играчите на „црвените“. Слот не сака да губи време и е нестрплив да почне да работи во англискиот гиганти
Неговиот договор со „црвените“ стапува на сила на 1 јуни, но Слот веќе извесно време е во Англија каде што ги договара последните детали околку престојот на Островот.