По спектакуларниот пресврт против Англија и победата од 2:1, Аргентина се пласира во второто последователно финале на Светското првенство.
По зџавршувањето на натпреварот во Атланта, еден необичен детаљ привлече внимание.
Додека ја славеа победата, играчите на Аргентина го пронајдоа шишето на Џордан Пикфорд, на кое голманот залепил белешки за потенцијално изведување на пенали.
Снимките од ESPN го покажуваат Нико Гонзалез како му ги покажува на Лионел Меси упатствата што голманот на Англија ги имал за аргентинските изведувачи.
Реакцијата на Меси стана веднаш хит, бидејќи капитенот на Аргентина практично сè кажа со поглед.
Пикфорд имаше упатства за различни играчи на Аргентина. На пример, за Меси беше напишано дека, иако е левак, голманот треба да се фрли на десната страна.
Интересно е што имаше белешки дури и за Џеронимо Руљи, резервниот голман на Аргентина.
Подоцна, се огласи и фитнес тренерот на Аргентина, Луис Мартин, објавувајќи фотографија од шишето на Инстаграм со пораката:
„Штета што немавме исти планови, човече“.
Аргентина избегна пенали, на крајот ја победи Англија и закажа големо финале против Шпанија во Њу Џерси.