Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е подготвен за враќање на тениските терени откако последните медицински прегледи покажале дека повредата на зглобот на раката е целосно санирана.
Поради повредата Алкараз ги пропушти настапите на Ролан Гарос и Вимблдон, но сега повторно е во тренажен процес и започнува подготовки за враќање во натпреварувачки ритам пред САД Опен
Според информациите од шпанските медиуми, новите тестови потврдиле дека неговиот зглоб е целосно заздравен, што претставува големо олеснување за вториот светски рекет и неговиот тим.
Првиот сериозен предизвик за Алкараз се очекува да биде Мастерс турнирот во Синсинати, кој е на програмата од 13 до 23 август, каде Шпанецот ќе ја провери формата пред настапот на последниот грен-слем турнир во сезоната, САД Опен.