Аргентинската ѕвезда на големи маки. Сопругата му бара 40 милиони евра?

Напаѓачот на Галатасарај, Аргентинецот Мауро Икарди последниве неколку недели е на големи маки. Најпрвин му пукнаа предните вкрстени лигаменти на мечот против Тотенхем (3:2) на почетокот од ноември, а потоа Ванда Нара, со која е во брак од 2014 година, реши да побара развод.

За работите да бидат уште полоши за Аргентинецот, Нара бара значителна сума пари за алиментација. Турскиот „Фанатик“ споменува цифра од 38,5 милиони евра.

За да се спаси од финансиски колапс, Икарди ангажирал тројца од најдобрите адвокати во Аргентина: Лаура Пипо, Гвадалупе Герео и Елба Марковекио, кои во правниот свет ги нарекуваат „трите лавици на судот“.

Како потсетување, Нара го остави Икарди, поранешната ѕвезда на Интер заради аргентинскиот рапер Л-Ганте. Пред неколку години нивниот брак се распаѓаше откако се појавија гласини дека Икарди ја изневерил. Тие се’ уште официјално се во брак, но Нара летово поднела барање за развод.

– Ванда можеби нема да бара алиментација за себе, туку за децата кои се нејзина грижа. Но, ако однесувањето на едниот партнер влијае на другото лице емоционално или социјално, другото лице има право на компензација, објаснува семејниот адвокат, Освалдо Даниел Ортемберг во интервју за турски весник.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО