Австралиската пливачка Аријарне Титмус, една од најуспешните во светот, на 25-годишна возраст изненадувачки објави дека ја завршува својата кариера.
Титмус има импресивна статистика: осум олимписки медали (четири златни, три сребрени и еден бронзен), и повеќекратна светска шампионка. Најголемиот успех го постигна во 400 метри слободен стил, каде што е двократен олимписки и светски шампион.
По Олимписките игри во Париз минатата година, Аријарне објави дека ќе направи пауза една година за да „ги наполни батериите“. Но, само неколку месеци подоцна, таа донесе одлука да се повлече целосно.
„Ова е тешка одлука, но сум задоволна. Го сакам пливањето, тоа ми е страст уште од детството, но откако неодамна направив пауза од тренинзите, сфатив дека некои други работи во мојот живот станаа многу важни“, изјави Титмус.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: