Франциско Черундоло по осми пат успеа да победи противник кој доаѓа од врвот на АТП листата. Аргентинецот денеска на Мастерсот во Мадрид го победи 5-то рангираниот, Александар Зверев со 2-0 по сетови 6:3 и 6:4.
Тоа значи дека 22-риот тенисер на светов по четврти пат успеа да влезе во четвртфинале на турнир од Мастерс серијата. Таму загубил два пати а еднаш успеал да отиде во полуфиналето. Неговиот биланс со тенисерите од првата десетка е 8:9.