Кој ќе го замени Сари на клупата на Лацио?

Маурицио Сари вчера поднесе оставка и повеќе не е тренер на Лацио по што италијанските медиуми веќе почнаа со шпекулации околу неговиот наследник.

Според некои медиуми, најблиску до кормилото на „бјанкочелестите“ е Игор Тудор, но исто така во оптек е и името на Еду Реја.

Според „Тутоспорт“, Реја наводно ја одбил понудата од Лотито, што значи дека нема да биде во игра, но затоа како име од сенка се споменува Кристијан Броки, една од легендите на Лацио кој последен пат работеше како тренер во Виченца.

Томазо Роки, засега би бил привремен наследник на Сари, но ако не се најде адекватно решение тој би можел да ја заврши сезоната на клупата на „римските орли“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО