Андреј Стојчевски: Респект кон сите, но ние секогаш одиме на победа

Младата фудбалска репрезентација на Македонија (до 21 година) се подготвува за следните натпревари од квалификациите за ЕП 2025.

На 21 март (четврток) Македонија на домашен терен го пречекува Гибралтар, во натпревар што „мора“  да го добие доколку сака да ги задржи шансите за висок пласман во групата.

По стартниот триумф на гости кај Шведска, следуваа трите порази, од Холандија, Молдавија и од Грузија, по што сега Македонија нема право на кикс.

Репрезентативниот дефанзивец, Андреј Стојчевски за Спортско радио 90,3, зборуваше за атмосферата во македонската селекција и за очекувањата од овие натпревари.

– Убаво е секогаш кога сме заедно на собир. Мотивирани сме и сакаме да покажеме дека имаме квалитет за повисоки дострели. Ја анализиравме селекцијата на Гибралтар, не се воопшто наивни, тоа го покажаа со победата над Молдавија. Имаме респект кон сите, но секогаш ќе одиме на победа, без разлика кој ни е противник.

Убаво е чувството што ќе играме на националната арена, тоа е дополнителен мотив за нас. Ќе дадеме се од себе за да наметнеме наша игра, со контрола на топката и на резултатот.

Што се однесува до двете средби, сакаме овие натпревари да ги завршиме со шест бода за нас, истакна Стојчевски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО