По неодамнешните изјави на Чави Ернандез и Лапорта, дека се свесни дека судиите им прават пат на Реал Мадрид во повеќето судиски одлуки, сега се јави тренерот на „кралевите“.
Карло Анчелоти се пронајде како повикан во приказната, па сакаше да одреагира на нападите дека тие добивале помош од судиите на натпреварите од домашното првенство.
– Воопшто нема да паднам на нивното ниво, ги слушнав нивните приказни, но нема да кажам што мислам за нив, порача кратко и јасно Карло Анчелоти.
Вечерва Реал Мадрид игра против градскиот ривал Атлетико, а во последно време овие битки се доста интересни и ефикасни, а пред се исходот од оваа средба ќе биде важен за двете екипи во поглед на табелата.