Првата ѕвезда на неделниот, воедно и последен пливачки ден на ОИ во Париз, беше Американецот Боби Финки, кој го освои златниот медал на 1.500 метри слободно и го собори светскиот рекорд со време од 14:30,67 минути.
Досегашмиот светски рекорд на Кинезот Сун Јанг изнесуваше 14:31,02 минити, испливан пред осум години.
Зад Финки, на втората позиција се најде, Италијанецот Грегорио Палтриниери кој постојано беше за должина на телото или помалку зад него.
Нов светски рекорд поставија Американките Реган Смит, Лили Кинг, Гречен Волш и Тори Хаски, во одлична трка на 4х100 метри мешано, со време од 3:49,63 минути. Втори Австралијките, а трети пливачките од Кина. Претходниот рекорд го држеа Американките кога испливаа 3:50,40 минути во 2019 година.
Швеѓанката, Сара Сјоестром (30) освои нов златен медал, на 50 метри слободно. Таа беше најбрза во Токио, а победи и во Париз на оваа делница со време од 23,71 секунди. За неа ова беше седми олимписки медал, од кои четири златни, две сребрени и еден бронзен медал.