Американците ги третираа фудбалерите на Узбекистан и Сенегал како криминалци

Репрезентативците на Сенегал и Узбекистан преживеаја вистинска тортура во Соединетите Американски Држави.

Узбекистанците, пред пријателскиот меч со Холандија, на Менхетн, имаа непријатно искуство.

Имено, сите играчи, членови на тренерскиот штаб, службени лица и помошен персонал мораа да поминат низ ригорозна безбедносна проверка штом излегоа од автобусот пред стадионот „Икан“.

Постапка што ретко се гледа пред пријателски натпревар.

Узбекистанците мораа да ги остават своите работи, кои потоа беа поединечно прегледани од американски офицери со детектори за метал, а во контролата беа користени и кучиња трагачи.

Целата постапка предизвика големо незадоволство во узбекистанската репрезентација.

„Тргнете се од торбите“, му викал еден чувар на член на узбекистанската делегација.

Американскиот третман кон еден од учесниците на Светското првенство многумина го опишаа како понижувачки, особено затоа што стануваше збор за спортска делегација, пријателски натпревар, а не за средба со висок ризик или слично.

„Тие само нам ни го прават ова, прашајте ги зошто?“, се пожали легендарниот Италијанец Фабио Канаваро, најдобриот играч на Светското првенство 2006, сега селектор на Узбекистан.

За жал, Узбекистанците не беа единствените што минуваа низ пеколот на ригорозните американски безбедносни мерки.

Слична ситуација доживеа и репрезентацијата на Сенегал, која по пристигнувањето беше подложена на детална контрола, на екстремно висока температура на воздухот и со силно присуство на обезбедување.

„Целосни претреси, соблечени чевли, превртени торби како да станува збор за криминалци. Ова е чисто понижување и срам. Тие никогаш не би ги подложиле белците на ваква контрола“, пишува една африканска телевизиска на „X“.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО