Американецот Гилон го засилува МЗТ Скопје

Американскиот кошаркар Џон Гилон (29),висок 1,83 метри, е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша договор со клубот до крајот на сезоната.

Станува збор за искусен кошаркар кој игра на двете бековски позиции и кој треба да ја пополни празнината по прекинот на соработката со Седрик Расел.

Во нашите редови Гилон доаѓа од Литванија,каде што настапуваше за прволигашот Пиено,а претходно за турска Дарушафака, унгарскиот тим Алба Фехервар и за две екипи од Тајван, информираат од МЗТ Скопје.

Во периодот помеѓу 2017 и 2019 година Гилон беше дел од три екипи од развојната Џи-лига. Универзитетската кариера ја мина на три колеџи, настапувајќи за Литл Рок, Колорадо стејт и за Сиракјуз.

Гилон се очекува неделава да пристигне во Скопје, каде што ќе има доволно време за аклиматизација со оглед на паузата во првенството. Неговото деби се очекува на средбата против Феникс закажана за 3 март.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО